Категории

Си ги уништуваме децата и тоа го нарекуваме „љубов“

Љубовта е трпелива. Љубовта е нежна. И знаете што уште? Љубовта не разгалува.

Порано една од најтешките навреди кои едно дете можеше да ги каже на друго дете или пак некој да каже такво нешто на неговите родители е да го нарече „разгалено лигле“. Тоа беше фраза која не се користеше често, но кога некој ќе ја употребеше, болеше. Ниту едно дете не сакаше да слушне дека е разгалено.

 

Денес се поретко ја слушаме оваа фраза, можеби затоа што сега сите деца се разгалени. Фразата е старомодна или проблемот се зголемува? Од љубопитност го побаравме значењето на зборот „разгален“. Зборот разгален значи да го оштетиш и уништиш карактерот на детето со претерана попустливост.

Да бидеш родител е тешко бидејќи имаме долгорочни цели за постигнување, но сме притиснати со секојдневните проблеми кои треба да ги решаваме во моментот. Кога детето ќе заплаче за бонбонче, многу е полесно да му го дадеме само за да го сочуваме мирот и спокојството во домот. Кога се жали дека сите негови пријатели го имаат најновото и најскапото нешто, толку полесно и ние се подлажуваме да му го купиме.

Кога домот е неуреден полесно ни е самите да го исчистиме, наместо да ги научиме децата како самите да го направат тоа и да ги исполнуваат своите обврски. Многу е лесно да се разгали детето, најверојатно затоа и го правиме тоа. Лесно е и го прави детето среќно. На крајот, нели тоа е и нашата цел! Среќни деца?

Се надевам дека не!
Главната цел на успешното родителство не се најсреќните деца. Добро адаптибилни, одговорни, добри, чесни? Апсолутно. Среќни и разгалени? Не.

Погледнете ја дефиницијата за разгален – оштетени! Кога сме премногу благи и попустливи и им даваме на децата премногу од она за што реално немаат потреба, им го оштетуваме карактерот. Се обидуваме да ја оправдаме нашата попустливост и си велиме дека на тој начин им покажуваме љубов. Велиме дека им даваме на децата сè што ние не сме имале. Живееме со верувањето дека на тој начин нема да се чувствуваат различни, незадоволени или запоставени.
Кажуваме многу нешта, но забораваме да си ја кажеме вистината.

Само им покажуваме дека се центарот на универзумот и ги учиме дека целта на животот е да ги задоволуваат материјалните потреби.

Сфаќаме ли што правиме?

Веројатно не, бидејќи ако разбираме дека ги оштетуваме деца, сигурно ќе застанеме.Во заблуда сме од самиот почеток, заслепени сме од лажната цел и не ја гледаме штетата којашто ја нанесуваме.

Сите гледаме што се случува наоколу. Двегодишни деца командуваат со целото семејство. Родителите се плашат дури и да одредат час за спиење, мораат да ги молат децата наместо само да им кажат. 5-годишни инсистираат за скапи играчки и ги добиваат “едноставно затоа …” десетгодишни кои носат облека само од најскапите и познати брендови. 16-годишни, кои возат поубави автомобили од своите родители.

Децата се разгалени, родителите се откажуваат и целото општество страда. И не станува збор за тоа дали можеме да си ги дозволиме овие работи финансиски. Иако во многу случаи не можеме. Многу од нас стандардно се заглавени во долгови. Други се убиваат од работа само за да можат да им обезбедат на своите деца се што ќе посакаат. Доколку не сме во можност да им го приуштиме на децата онаа што го сакаат, тогаш не треба упорно да бараме начини да го правиме тоа. Животот не е лесен, а кога ги разгалуваме со секакви бенефиции ги учиме дека е.

Ако го одбиете вашето дете за нешто, нема да го разгалите. Нема да му го уништите животот и нема да го оставите без пријатели. Да, ќе го налутите. Да, ќе се разликува од своите пријатели. Да, вашето семејство ќе е поинакво од другите семејства. Но, зарем тоа не е нешто добро?

Кога детето ќе порасне, ќе сфати зошто сте го ставиле во таква пложба и ќе сфати дека сте го учеле на работи кои навистина имаат значење во животот. Ќе сфати дека да знаеш да носиш одговорност е вистински благослов. Ќе сфати дека сте го сакале доволно за да му кажете „Не“.

Љубовта е трпелива. Љубовта е нежна. И знаете што уште? Љубовта не разгалува.

Прегледи:
344
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
08.05.2017