Категории

Сите заплети во твојот живот ќе добијат свои расплети кога ќе научиш да бидеш САМ

Не плаши се да бидеш сам, како поинаку ќе дојдеш до откривање на она свое внатрешно богатство?

Нити еден талент, нити една способност не може да излезе на површина ако не си тргнал во потрага по нив. Треба да си дадеш време на себеси нештата да дојдат на свое место. Сите заплети во твојот живот немаат расплети додека не останеш сам и не погледнеш од таа перспектива што е најдобро за тебе. Кога си сам дури тогаш ја гледаш тежината на повредите и цената која си ја платил за нив.

Не плаши се да бидеш сам, поинаку твојот живот нема да оди напред. Само така ќе умееш да ги разбереш намерите и тактиките на луѓето кои влегуваат во твојот живот. Кога си опркружен со нив при силата на нивните слатки зборови, не можеш да откриеш дали носат маски. Осами се за да не изгубиш многу важни луѓе во својот живот, затоа што само во самотија ќе ја сфатиш нивната вредност и ќе процениш кои не небитни, а околу тебе се мотаат поради некои лични причини и интереси.

Не плаши се да бидеш сам, со тоа никому не му вртиш грб. Така само го чуваш внатрешниот мир и се подготвуваш себеси за средба со некој друг кој би можел да биде онаа верзија која другите ја заслужуваат. Само во самотија можеш да се навикнеш некој драг да не е повеќе во твојот живот, пополнувањето на просторот со други луѓе никогаш не носи ништо добро затоа што личностите кои ти значеле и кои си заминале оставила длабока трага во тебе која сега мораш да ја преболиш сам.

Не плаши се да бидеш сам, човекот се навикнува на се. А некогаш тоа е всушност проблемот затоа што кога ќе се навикнеш на се веќе немаш критериуми, тогаш мислиш дека не заслужуваш најдобро па прифаќаш се и сешто. Не плаши се од олујата која ќе ја доживееш во самотијата, многу се полоши оние кои кои те погодуваат кога мислиш дека си во мир. Дури кога ќе останеш сам ќе сфатиш кој си всушност ти и кои луѓе заслужуваат да бидат покрај тебе, само тогаш ќе се откриеш самиот себе.

Прегледи:
482
Објавено на:
21.01.2020