Категории

Slip фустан и џемпер – Тренд модна комбинација за оваа есен

Транзицијата на омиленото летно парче – slip фустанот во есенската гардероба ќе го направиме на доста шик и женствен начин, додавајќи oversized џемпер

Додека летото обожаваме да го поминуваме во лесни и лелеави парчиња кои даваат слобода на кожата да дише, slip фустанот може слободно да се прогласи најомиленото парче облека на летната сезона. Но со падот на температурите тоа не значи дека ќе мораме да се откажеме од него, напротив, ќе го носиме на уште по стилски начин – во комбинација со омилените oversized џемпери.
Идеална есенска модна комбинација која издишува префинетост, женственост и елеганција.

Прегледи:
623
Објавено на:
04.09.2020