Категории

Случајности не постојат, не се сомневајте во вашите избори – Вие сте онаму каде што отсекогаш требало да бидете

Следниот пат кога ќе почнете да жалите за нешто што сте го направиле, за нешто што сте го кажале, за изборот што го променил вашиот живот – запомнете – дека сте направиле најдобро што можете.

Донесовте одлука за која сметавте дека е најдобра за вас во тоа време. И иако резултатот што го посакувавте се претвори во нешто сосема друго; можеби отсекогаш требало да бидете точно таму каде што сте сега. Не постојат случајности.

Можеби таа врска или пријателство требале да завршат, иако не сте сакале. Можеби некои работи се распаѓаат за да може да се спои нешто друго кое е многу поубаво и повредно.

Можеби и покрај тоа во овој момент не чувствувате така, можеби овој момент каде што сте сега ви се чини како мал и незначаен – но можеби тој е оној голем и џиновски пресврт кој требал да се случи за да бидете онаму каде што секогаш требаше да завршите.

Затоа, не посакувајте го она што можело да биде. Вие го направивте најдоброто што можете, најдобриот начин за кој знаевте. Вие требаше да бидете овде.