Категории

Совети како да уживате во летниот сон и покрај високите температури

Топлото лето претставува проблем за многумина. Летните денови носат потешкотии во нормалното функционирање. Но и ноќите често се со температури кои не се многу пријатни за спиење. Сепак, постојат неколку трикови кои можат да ни помогнат да уживаме во сонот во летниот период.

  • Секогаш затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.
  • Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препораливо да се јаде лута храна.
  • Постелнината може да се стави на неколку минути во замрзнувач, а шише со ладна вода имајте покрај колената, зглобовите и лактите
  • Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.
  • Измијте ги стапалата со ладна вода пред да одите на спиење.
  • Држете ги стапалата над прекривката.
Прегледи:
619
Објавено на:
05.07.2019