Категории

Совети за долговечен живот од 101-годишната инструкторка по јога

Таа вели дека има дух на тинејџер, ужива во животот, сака вино, високи потпетици и му се радува на секое ново утро

Нејзината животна филозофија гласи: „Тежнеам во се да пронајдам радост“

Тао Порчон Линч е најстарата инструкторка по јога, во август таа наполни 101 година, и е вистински пример за сила и младешки дух. Вели дека сеуште не се уморила од животот и има уште многу да види и научи. Не планира да се откажи од својата професија, а освен јогата сака да патува и да танцува.
На 87 години започнала да посетува натпревари по танцување, а до сега има освоено преку 700 награди. Интересно е тоа што нејзините партнери во танц се помлади од неа и по 70 години.
Нејзиниот животен пат е исклучително богат, и ни денес во својата старост, ни малку не го забавила своето темпо на живеење. Во текот на втората светска војна им помагала на евреите, а после завршувањето работела како манекенка, а ја добила и титулата „најдолги нозе на Европа“ Стоела рамо до рамо со холивудските икони како Елизабет Тејлор и Боб Хоуп во неколку филмови.

„Еден ден видов некои момци како вежбаат јога на плажа и веднаш се заљубив во тие движења. Се сеќавам на тој ден како да беше вчера. Помислив дека тоа е супер и посакав веднаш да го научам. Тогаш мојата тетка ми рече дека тоа е наменето за мали девојчиња но не и за возрасни дами како и јас, а на тоа и одговорив дека штом можат тие можам и јас. Од тогаш ја засакав јогата и живеам до ден денес практикувајќи ја.“

Таа ги сподели следните животни филозофии според кои се води и смета дека се клучен фактор за долговечен, среќен и исполнет живот..

„Филозофијата на животот е многу еднсотавна, се што таа бара е да бидете секогаш среќни“
„Се будам во рана зора и го гледам изгревањето на сонцето и си велам на себеси дека започнува најдобриот ден во мојот живот, и тој станува таков. Така тоа функционира“
„Ако нешто ви се допаѓа, правете го тоа без да се мислите. Дури и ако не успеете во тоа, подобро е отколку целиот живот да се прашувате себеси што би било доколку пробав“