Категории

Совети за уживање во празничната трпеза

Ако сте од тие кои во текот на празничните денови „немаат мерка“, а после тоа со денови чувствуваат мачнини- послушајте ги советите кои ќе ви помогнат да уживате во празничните денови без проблеми.

Јадете полека
Внимателно соџвакајте го секој залак и почекајте храната да ви спадне, пред да продолжите. Бидете свесни за храната која е околу вас. Без разлика дали станува збор за кутија со чоколади, шведска маса или сарми и месо- размислете пред втор пат да ја наполните чинијата.

Комбинирајте ги намирниците
Се порепорачува по ручекот да се одморите барем еден час, па потоа да преминете на десертот. При тоа, нема потреба да ги пробате сите десерти- одлучете се само за еден.
Класичното мени направете го поздраво. На пример, наместо проја со сирење и сувомеснати производи, за предјадење одлучете се само за проја и витаминска салата.
Наместо разни сосеви и тешки салати и ролати, конзумирајте повеќе свежо овошје и зеленчук.
Одлучете се за еден алкохолен пијалок.

Физичка активност
Смислете некоја семејна заедничка физичка активност. Во исто време можете и да се забавувате, но и да потрошите калории. Исто така, прошетајте се пред ручекот или наутро станете половина час порано и трчајте. Користете ги скалите наместо лифтот.

Излечете го мамурлакот
Ако сепак се напиете повеќе, гледајте добро да се наспиете и да внесете доволно течности, свежо цедени сокови и витамин Ц. Ефикасно е и наизменичното туширање со топла и ладна вода.

Ако сепак се прејадете..
По прејадувањето избегнувајте алкохол, масна или зачинета храна, газирани пијалоци, како и храна богата со многу шеќери. Внесете доволно цинк, неколку бадеми или суви кајсии. Исто така, за намалување на надуеноста можат да ви помогнат пробиотскиот јогурт, компот, варен зеленчук и салати. За подобро варење се препорачува еспресо или чај од нане или маточина.