Категории

Среќата секогаш те чека на површина додека ти избираш да се давиш во тагата

Среќата доаѓа преку малит е нешта во животот. Наизглед незначајни но доста важни нешта а кои треба да запаметиме да бидеме благодарни. Да натераш некој да се насмевне, да се смее се додека не почне да го боли стомакот од преголема смеа. Книгите кои ги сакаш, засолништето кое го имаш и чистиот воздух кој го вдишуваш секое утро.

Тоа се нешта кои не ги забележуваш веднаш но се таму цело време.
Но тагата, не функционира на тој начин. Ја чувствуваш како малечки посекотини од хартија секој ден, се додека не станат една голема рана која те погодува како илјадници бранови одеднаш, обвивајќи го во сивилот твојот свет и оставајќи те празен.

Затоа понекогаш ни е полесно да потонеме во така и да им дозволиме на брановите да не понесат. Мислиме дека е полесно да пловиме под вода отколку да испливаме на површина и да се избориме само малку за да ја видиме светлината.

Прегледи:
558
Објавено на:
16.11.2020