Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. МАЈ 2019 ГОДИНА

Бикот се дистанцира од партнерот, Ракот го чека недоразбирање со колегите, Девицата има многу обврски, Јарецот го мачат хронични проблеми.

ОВЕН

Ве очекува ден во кој ќе успеете да се посветите на целите кои сте си ги задале. Отворено ќе ги покажете емоциите и очекувате саканата личност да го направи истото. Силни сте и здрави. Добро се чувствувате.

БИК

Нервозата која владее во работното опкружување може на некој начин да ги поремети вашите планови и надежи за денешниот ден. Сте се дистанцирале од партнерот и не ви е лесно да се навикнете на некои промени кои настанале. Грбот и кичмата ви се чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

Може да се надевате на позитивни пресврти на деловно поле. Ќе успеете даа ги остварите плановите. Се чувствувате добро кога сте заедно со саканата личност. Вашата љубов е искрена и силна. Ви одговара занимавање со спорт.

РАК

Може да имате некое помало недоразбирање во односот со колегите, но со малку дипломатија сѐ ќе успеете да решите. Ви се отвора можност за почеток на нова емотивна врска во која би биле среќни. Внимавајте на нервниот систем.

ЛАВ

Може да очекувате некои проблеми на работа денес. Можеби нема да ви биде лесно сѐ да решите како што треба. Поволен ден за почеток на врска. Ако веќе имате партнер планирате стабилна заедница. Внимавајте на бешиката.

ДЕВИЦА

Ќе имате многу обврски. Вие сте инаку работохолик и скеогаш сте подготвени да се посветите на работата повеќе од вашите соработници. Ве очекува мирен ден на ова поле, без нови познанства ако сте слободни. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Може да очекувате неизвесна ситуација на работно поле, доаѓаат некои промени кои не ги очекувавте. Нова љубов ви влегува во животот. Пред вас е период кога ќе се посветите максимално на врската. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате решавање на финансиските проблеми. Денешниот ден за вас е среќен. Со саканата личност ќе успеете да ги решите проблемите од минатото. Се чувствувате сигурно. Проблеми со органите за варење.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате позитивни пресврти на работното место. Судбината е на ваша страна и сѐ е онака како што посакувате да биде. Ве очекува познанство кое може да прерасне во цврста и стабилна врска. Немате никакви проблеми со здравјето.

ЈАРЕЦ

Ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате без обзир на тоа што постојат некои околности кои ви го отежнуваат целиот процес. Вашата врска е во фаза во која постои голема криза и несогласување. Не ви е лесно. Ве мачат хронични проблеми.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува поволен ден во кој нема да имате проблеми на работното место. Ситуацијата е сосема стабилна и помалку монотона. Ви одговара чувството на слобода и убаво се чувствувате бидејќи сте сами. Водете сметка за холестеролот.

РИБИ

Ова е поволен ден за промена на работното место. Ако планирате патување, може да ви се исплати. На љубовно поле ве очекува период на промени и нови врски. Можни се проблеми со циркулација.