Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 31. МАЈ 2019 ГОДИНА

Овенот ќе запознае нова личност, Близнаците се заљубени, Ракот се сомнева, Вагата ужива, Јарецот е незадоволен на работното место.

ОВЕН

Поволен ден е пред вас. Може да очекуваѕе дека ќе добиете некои убави вести за нова работа. Интересно познанство ве очекува. Ќе имате можност да најдете личност која ви одговара. Одлично се чувствувате.

БИК

Прилично сте нервозни и не ви е лесно да ги остварите своите цели на ова поле. Потребно ви е да направите подобри планови. Партнерот ќе ви покаже дека од вас очекува промени од вас. Нагласена осетливост на забите.

БЛИЗНАЦИ
Иако на прв поглед сѐ делува како што треба, кога ќе загребете малку под површината сепак може да наидете на работни проблеми. Заљубените сте и не ви е лесно тоа да си го признаете бидејќи околностите се комплицирани. Проблеми со срцето.

РАК

Нема потреба да се грижите околу работата, иако сега имате проблеми, решението ќе се случи во последен момент. Односот со саканата личност не е воопшто лесен ни едноставен. Имате впечаток дека вашата судбина е поинаква. Пад на имунитетот.

ЛАВ

Постојат бројни ограничувања на деловно поле и големи се шансите дека нема да успеете да ги остварите своите цели. Партнерот се труди да ви ги покаже искрените емоции кои ги има кон вас. Можни се проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Нема да имате премногу работни обврски денес, пред вас е можност да се одморите од сѐ. Ви пречи помислата дека вашиот партнер можеби има уште некој и љубомората ви ги опседнува мислите. Проверете крвна слика.

ВАГА

Имате среќа и задоволни сте со тоа како влијае на вас работното опкружување. Пред вас е фаза во која е може да дојде до напредување. Многу поволен ден за ново познанство. Може да се надевате на промени. Поведете сметка за холестеролот.

ШКОРПИЈА

Поволен ден за почнување нов бизнис, може да очекувате многу добра фаза. Доколку сте во долга врска, ве очекува можност со саканата личност да поразговарате на тема заеднички живот. Помали проблеми со цревата.

СТРЕЛЕЦ

На деловно поле не ви е лесно да остварите што сте замислиле. Се впуштате во флерт со личност која не е сосема слободна и знаете дека таквиот однос води кон правење грешки. Можни се проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Доаѓате до помал прилив на пари и не сте задоволни бидејќи сметате дека ќе имате и некоја подобра прилика. Љубовната ситуација во која се наоѓате може да биде едноставна ако само ги признаете своите емоции. Зголемен апетит.

ВОДОЛИЈА

Доаѓа до подобрување на ситуацијата. Иако до вчера имавте големи проблеми, полека сѐ се менува. На емотивно поле ве очекуваат проблеми со саканата личност. Чувајте се од повреди.

РИБИ

Можни се добронамерни критики од страна на вашите претпоставени, а состојбата ќе се подобри кога ќе промените нешто. Сигурно се чувствувате покрај партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Проблеми со тежината.