Категории

Стави на јадица пофалби, па ќе уловиш будали: Најмоќни руски поговорки!

Руски поговорки кои ќе ве натераат да размислите за животот и неговите принципи.

  • Со скапата капа нема да ја скриеш сиромаштијата во твојата глава.
  • Полесно е кавгата да ја избегнеш, отколку да ја завршиш.
  • Ако одиш брзо ќе наидеш на неволја, ако одиш споро, неволјата тебе ќе те стигне.
  • Не фали ме во очи, не ме оговарај зад грб.
  • Човекот не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.
  • Кој го навредува небото, нема кому да се моли.
  • Бргу се сушат солзите за туѓата болка.
  • Среќата е како грозница: кого сака, него го напаѓа.
  • Човековата злоба секогаш доаѓа од немоќ.
  • Тајната на човекот не е во тоа да живее, туку зошто живее.
  • Висината на културата се одредува според односот кон жената.
  • Само солзите во срцето знаат за голема болка, но не и солзите во очите!
  • Девојките мислат на брак, омажените мислат на љубов.
  • Двајца можат повеќе од еден, но еден може повеќе од десеторица.
  • Најдобро патува оној кој знае каде треба да помине.
  • Детето е како тесто: како си го замесил, така ќе порасне.
  • Никогаш не умира само оној човек кој зад себе остава деца!
  • Љубезниот збор е како пролетен ден.
  • Пријателот ќе се сложи со тебе, но вистинскиот пријател ќе се расправа со тебе.
  • Стави на јадица пофалби, па ќе уловиш будали.
  • Многу да знаеш, значи предвреме да остариш.
  • Додека парите зборуваат, вистината молчи.
  • Сиромаштијата е грев кој богатите никогаш не го простуваат.
  • Од својот труд ќе бидеш сит, но не и богат.
  • Биди уверен дека си во право, па потоа оди напред.
  • Долго чека оној кој нестрпливо чека.
  • Стравот е првиот помошник на непријателот.
  • Кога мажот пие, половина куќа гори; кога жената пие, гори цела куќа.
  • Богаташот во тепачка настојува да го зачува лицето, сиромавиот капутот.