Категории

Сте слушнале ли за магнетни трепки?

Долги и убави трепки се желба на многу дами. Доколку немате желба за надоградба на трепки, а ефектот на маскарата мислите дека не е доволен- можете да размислите за магнетните трепки.

Магнетните трепки се нов тренд во категоријата „beauty“ помагала. Се работи за вештачки трепки за чија апликација не е потребен лепак. Имено, на нивната база има лента на која има ситни магнети. Се аплицираат на тој начин што едната трепка се поставува над вашите трепки, а другата трепка под вашите трепки. Со помош на магнетите тие се спојуваат и остануваат фиксирани.