Категории

Стилска кралица со маска – Најубавите модни комбинации на Оливиа Палермо

Невозможно е а да не ги истакнеме нејзините стајлинзи кои се вистинска инспирација.   

Откако започна пандемијата на коронавирусот, бројни познати личности едвај и да ги видиме. Ситуацијата во САД кога е во прашање вирусот е вистински сериозна па животот таму допрва треба да се врати во нормала. Приликите во кои ги гледаме модните, музичките и актерските ѕвезди не се гламурозни премиери, афтер-забави или доделувања на награди, туку секојдневни ситуации како лежерни протешки во соседството со кои дури и можеме да се поистоветуваме.
Секако, голем дел од нив во согласност со препораките домовите не ги напуштаат без заштитни маски за лице.

На њујоршките улици доста често гледаме една од најголемите модни трендсетерки, а тоа е Оливија Палермо. Папараците ја следат во секој чекор. Уште откако започна пандемијата, Оливија ја претвори својата маска во своевиден моден додаток. Кога не носи маска со филтер, таа најчесто се штити со марами кои ги носи преку устата и носот правејќи тоа да изгледа шик, урбано и со стил.
Невозможно е а да не ги истакнеме нејзините стајлинзи кои се вистинска инспирација.