Пејачката го воодушеви светот со овој стајлинг.
Едноставноста, природноста и елеганцијата одамна се синоним за убавина и стил.
Вака се облекуваат манекенките како Одри Хепберн, Грејс Кели и Ава Гарднер, а овој безвременски стил го обожаваат и денешните модни икони како Кејт Мидлтон, но и многу пеачки и актерки.
Меѓу нив е и Никол Шерцингер (41), пеачка која целосно го воодушеви светот со вчерашното модно шоу!
Имено, се појави на шетање низ градот во бел фустан до земја, во комбинација со светкави сандали од неутрални нијанси со подпетици и торба со интересни детали.
На долгата, густа коса и направила обична плетенка на страна, а целиот нејзин стил го заокружи со виолетова капа и очила за сонце.
Никол уште еднаш покажа дека најголемата убавина лежи во едноставноста!