Категории

Така зборуваше Ана Франк – Цитати кои морате да ги прочитате

Девојчето жртва на Холокаустот, живее и денес и ќе живее вечно преку своите моќни и силни зборови кои одекнуваат на сите страни во светот и се посилни од секое оружје и омраза.

Ана Франк била девојче кое пишувало кратки приказни во својот дневник, а нејзините зборови и мисли покажуваат исклучителна зрелост и памет. Ана пишувала за животот, љубовта, добрината, а и за најтажните мигови во кои не го изгубила својот позитивен и оптимистички дух.
Нејзините зборови не бледеат, како времето поминува, тие стануваат се посилни и помудри. Зборовите против кои злото ја губи битката.

Ана Франк е симболот на борбата не само против нацизмот, туку и против нечовечноста во секој облик. Ова се едни од најпрекрасните и најважните нејзините мисли.

-Како е прекрасно никој да не мора да чека нити еден миг за да почне да го прави светот подобар.

-Само едно правило кое треба да го запомнеш е: Смеј се на се и заборави на сите останати. Звучи егоистично, но тоа е всушност единствениот лек против самосожалувањето.

-Навистина е чудо што не се откажав од своите идеали затоа што се чинат толку апсурдни и невозможни за да се остварат. Сепак, не се откажувам од нив, затоа што и покрај се, и понатаму верувам дека луѓето се добри.

-Луѓето можат да ти кажат да замолчиш, но тоа не може да те спречи во тоа да имаш сопствено мислење.

-Спомените ми значат повеќе од фустаните.

-Сети се на сите убавини околу тебе и биди среќен.

-Големината на човекот не лежи во богатството и моќта, туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе, и сите луѓе имаат маани и недостатоци, но сите ние се раѓаме добри.

-Сфатив дека убавината секоја постои некаде – во природата, во зраците на сонцето, слободата, во тебе самиот, тоа се може да ти помогне.

-Родителите можат да дадат добар совет или да го насочат детето на вистинскиот пат, но конечното формирање на неговиот карактер лежи во неговите сопствени раце.

-Секој кој е среќен, ќе ги прави среќни и другите.

-На долги патеки, најсилното оружје од сите е добрата и нежна душа.

-Таму каде што постои надеж, постои и живот. Таа не полни со свежина и храброст и повторно не прави силни.

-Сите живееме со желбата да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак толку исти.

-Можеш да бидеш осамена дури и кога многу луѓе те сакаат но на никому не му си една и единствена.

-Среќата се заслужува преку правење добро и работење. Мрзеливоста можеби е привлечна, но само работата дава вистинско задоволство.

-Длабоко во себе, младите се многу по осамени од старите.

-Сакам да пишувам, но уште повеќе сакам да го изнесувам она што лежи во моето срце.

-Зошто некои луѓе мораат да гладуваат, додека на други делови од светот постои вишок? Ох, зошто луѓето се толку луди?

-Не сакам да живеам залудно, како повеќе луѓе. Сакам да бидам корисна и да им донесам задоволство на сите луѓе, дури и наоние кои никогаш не ги запознав. Сакам да продолжам да живеам и после смртта!

Прегледи:
2092
Објавено на:
18.12.2019