За да разубавите нечие секојдневие не се секогаш потребни само пари. Потребна е и желба да ги употребите своите вештини и ќе се зачудите од резултатите кога ќе сфатите колку малку е потребно за нечија среќа.
Флавиа Карвало, креативна и хумана тату артистка од Бразил, смислила уникатна и креативна идеја како да им помогне на голем број луѓе. Користејќи ја својата дарба со бои и игли во името на уметноста, Флавиа ја започнала својата мисија наречена „Кожата на цветот.“
Овој брилијантен проект има за цел да ги трансформира лузните кои настанале кај жената од пораѓање, медицински операции и од семејно насилство.
Оваа талентирана тату артистка преку својата мисија им помага на жените да ги заборават спомените од настанувањето на нивните лузни и да се гордеат со нив. Ова е дел од нејзината работа.