Категории

Ти благодарам што ме повреди: Ако не го направеше тоа, немаше да станам жената која што сум денес

Ти благоарам што ме натера да сфатам што заслужувам. Ти благодарам што не ти беше грижа, што ме остави, што ме пушти да почнам од почеток.

„Ти благодарам. Ти благодарам што ме научи да разликувам што е исправно и што е погрешно. Ти благодарам што ми покажа што значи да се биде одбиен. Ти благодарам што ме научи што е суровост.

Ти благодарам што ме научи што е скршено срце. Ти благодарам што викаше на мене. Ти благодарам за сите груби зборови, што ме присили да станам силна. Ти благодарам што ми покажа што заслужувам. Ти благодарам за сите ноќи во кои плачев поради тебе. Ти благодарам за сите грешки кои ги направив додека се обидував да те засакам. На лекциите кои ги научив од нив.

Ти благодарам што ми покажа дека простувањето не е секогаш решение. Ти благодарам што ме исмејуваше затоа што се грижев и те сакав. Ти благодарам што не ме почитуваше. Што никогаш не ценеше ништо што правев за тебе. Благодарение на тебе сега знам кога треба да ставам крај.

Благодарение на тебе сега знам како е кога некој ќе те предаде. Ти благодарам што ми покажа што не сакам. Ти благодарам што беше себичен. Ти благодарам што ме натера да сфатам што заслужувам. Ти благодарам што не ти беше грижа, што ме остави, што ме пушти да почнам од почеток.

Ти благодарам за сите мигови кога се чувствував понижено и искористено. Ти благодарам што направи да се чувствувам како да сум го достигнала дното. Ти благодарам што ме натера да почнам од почеток. Ти благодарам за болката.

А најмногу Ти благодарам за тоа што ме направи жена каква што сум денес. Благодарение на тебе сум силна. Благодарение на тебе сум мудра. И благодарение на тебе, никогаш повеќе нема да паднам на тебе ниту на некој како тебе.“

Прегледи:
816
Објавено на:
07.01.2020