Категории

Ти од минатото треба да биде твоја конкуренција – Ти од иднината треба да биде твој херој

Лесно е да мислиш дека се натпреваруваш со другите луѓе..

Всушност, ние сме израснати да мислиме дека вистинската конкуренција е надвор од нас, другите кои ја превземаат нашата работа, нашите можности, нашите пари, нашите врски, пријатели..
Многумина мислат дека постојат малку позиции на светот кои ќе ги пополнат само најдобрите.

Но такви позиции всушност, никогаш не ни постоеле. Затоа што нам ни паѓа задачата да ги создадеме да припаѓаат на секој од нас, уникатно и приспособено на самите ние.

Ти не се натпреваруваш со тие околу тебе.
Ти се натпреваруваш со своето его.
Ти се натпреваруваш со твојата мрзливост.
Ти се натпреваруваш со своите пороци.
Ти се натпреваруваш со својот страв.
На крајот од денот, натпреварот е помеѓу ти и ти.
До крајот на животот. Потребно е многу нешта да ослободиш за да дојдеш до тоа.
Ти не си убав колку што изгледаш подобро од некој друг.
Ти не си моќен колку што си побогат од некој друг.
Ти не си сакан колку што си успеал да ги убедиш другите да те сакаат.
Ти не си добар колку што си подобар од другите.

Начинот на кој се мериме себеси има негативно влијание на нашите животи. Не прави да го гушиме нашиот потенцијал. Не прави да сметаме дека успехот, љубовта и добрината се ограничени и мораме да се бориме за да земеме дел.

Еден ден мораме да се разбудиме и да сфатиме дека создаваме успех преку добрината и љубовта. На нас останува да ги создадеме, само ние го умееме тоа.

Прегледи:
499
Објавено на:
05.09.2020