Категории

Ти посакувам да се излекуваш од болките и нештата за кои не зборуваш никому

И што е најважно, се надевам дека тивко им се заблагодарувате на луѓето што излегле од вашиот живот оваа година. Од една или друга причина, не секој останува – не само кога се во прашање романтичните партнери, туку и пријателствата.

Се надевам дека ќе се излекувате од работите за кои повеќе не зборувате. Се надевам дека ќе се излекувате од работите за кои луѓето престанаа да прашуваат затоа што им се чини дека сте во ред. Се надевам дека ќе се излекувате од работите и луѓето што ја разбија вашата вера и самодоверба. Се надевам дека болката ќе биде заменета со вид на среќа што ќе ве тера да цените зошто работите морале да се случат на тој начин. И ако сè уште не сте стигнале до таму, се надевам дека ќе стигнете наскоро.

И што е најважно, се надевам дека тивко им се заблагодарувате на луѓето што излегле од вашиот живот оваа година. Од една или друга причина, не секој останува – не само кога се во прашање романтичните партнери, туку и пријателствата. Не секоја личност од која очекувате да застане покрај вас останува таму. Некои луѓе не беа наменети да бидат во вашата приказна до крајот на вашиот живот, туку привремени ликови испреплетени низ вашите приказни – да ве научат лекции и да ве направат подобра личност. И, ако тие го напуштија твојот живот, се надевам дека нема да дозволите тоа да ве порази и да го носите како тежина во себе – туку да бидете благодарни за заедничките времиња и да им посакате добро.

Прегледи:
498
Објавено на:
19.04.2021