Категории

Том Круз се развел од секоја жена кога таа имала 33 години

Холивудскиот заводник, Том Круз, се има женето 3 пати, но ни еден брак не завршил „додека смртта не ги раздели“. Тоа што е интересно е дека тој од секоја сопруга се развел кога таа имала 33 години.

Првата сопруга на Том Круз била Мими Роџерс. Со неа бил во брак од 1987-та до 1990-тата година.

Во 1990-тата година Том се оженил со колешката Никол Кидман, со која бил во брак се до 2001-та година. Додека биле во брак Том и Никол посвоиле 2 деца, ќерката Изабела Џејн и синот Конор Енотин.

Круз во 2006-тата година се оженил со колешката Кејти Холмс и со неа бил до 2012-та година. Тие ја добиле ќерката Сури која е родена во 2006-та година.

Со трите сопруги Том Круз се развел кога тие имале 33 години.

Прегледи:
938
Објавено на:
28.06.2019