Категории

Топли есенски денови во портокалово – Ирина Шајк во одличен опуштен стајлинг

Папараците ја следат руската убавица во секој чекор по њујоршките улици обидувајќи се да не испуштат нити еден нејзин стајлинг, а таа е секогаш одлично расположена да позира.

Ирина Шајк е една од познатите манекенки чиј стил е будно следен во секој чекор со оглед на тоа што таа секогаш успева да биде беспрекорно средена. Додека беше во шопинг таа ги поздрави папараците и застана да позира презентирајќи го својот одличен есенски стајлинг, овој пат таа избра oversized портокалов џемпер и краток кожен шорц и високи чизми кои ги искомбинира со тегет блејзер.

Прегледи:
606
Објавено на:
26.10.2020