Категории

Траперка фармерки – Хит модел кој ќе го носиме цела есен

‘Ѕвонестиот’ модел на фармерки помеѓу главните трендови оваа есен

Првите есенски колекции го најавија почетокот на сезоната која во модниот свет донесува раскош од трендови и потполна трансформација на гардеробата. Во нашите плакари, лесните и прозрачни модели ќе ги замениме со класични силуети, додека на омилените неутрални тонови ќе им се придружат земјените и темните нијанси.

Како едно од главните тренд парчиња во секојдневните комбинации секогаш ќе бидат фармерките. Оваа есен особено се истакнуваат оние со ‘ѕвонест’ крој или популарно наречени траперки.
Еве на кој начин ќе ги комбинираме оваа есен.

Прегледи:
1142
Објавено на:
06.09.2020