Категории

Трогателна приказна: Болниот татко успева да ја испрати својата ќерка до олтарот

Свадбата најчесто е емотивно искуство за секој, но за невестата Шарлот Виљарин, ова беше особено трогателен момент. Додека се подготвуваше за својот голем ден, Шарлот исто така се соочуваше со дијагнозата на нејзиниот татко. По едногодишната борба со ракот на црниот дроб, здравјето на Педро Виљарин се влошуваше, а неговата ќерка се соочи со реалноста дека можеби тој нема да успее да ја испрати до олтарот.

Поради тоа, Шарлот и нејзиниот свршеник, Марк Кордова, ја презакажале својата свадба на 9-ти август- два месеци порано отколку што планирале. Тие, исто така, презеле посебни мерки за да се осигурат нејзиниот татко да се чувствува најудобно што може. “Ангажиравме брза помош и медицинска сестра”, изјави Виларен. “Мислевме дека тој ќе може да седи на инвалидска количка, но не можеше, па мораа да употребат носилка од амбулантата”. Иако немало друо решение, освен да биде во лежечка позиција, Педро успеал да го исполни својот сон за “испраќање” на својата ќерка до олтарот и гледајќи ја како се мажи.

Венчавката на Марк и Шарлот е прослава на љубовта, но не само на нивната, туку љубовта која ги зближува семејствата. Сведоци сме дека во сите тешки ситуации секогаш има надеж и среќа. Ние сме привилегирани да го забележиме секој момент на насмевки и солзи на оваа свадба.

За жал, Педро умрел само три дена откако неговата ќерка го изговорила судбоносното ДА.