Категории

Твојот ден зависи од твоите мисли – Како да го започнеш позитивно

Мали совети за позитивен почеток секој ден 

-Прави го она кое сакаш да правиш и сметаш дека треба да го правиш. Не, не си губитник ако останеш дома во петок навечер.
Но немој да го користиш овој изговор да пропушташ мигови кои вредат, не можеш да процениш искуство од комфорот на твојот дом, твојата топла прекривка и меките пижами, тие можат да те измамат понекогаш. Понекогаш останувањето дома се чини подобра опција но верувај дека најчесто би се покаил кога би ги пропуштил сите тие случувања на кои си отишол и тогаш кога не си сакал.

-Ако се чувствуваш тажно или осамено, тоа е во ред. Понекогаш сите се чувствуваме така. Понекогаш сме тажнии без причина иако постојат безброј причини поради кои би требало да сме среќни, и понекогаш чувствуваме дека нешто не е во ред дури и кога не постои ни најмала причина за тоа. Но знај дека сето тоа е минливо.

-Почни да го цениш своето време. Спиј на време и спиј добро. Твоите утра ќе станат поубави и поведри кога ќе почнеш да стануваш порано, направи нешто вредно и корисно секој ден.

-Направи ги оние нешта кои прават да се чувствуваш нервозно. Не плаши се и прифати ги предизвиците.

-Потсети се себеси секојдневно да се однесуваш несебично. Кога некој ќе ти побара некоја услуга, наместо да размислуваш каква корист би имал ти од сето тоа, направи го едноставно без причина.

-Извинувај се, но само кога вистински го мислиш тоа.

-Кога се чувствуваш лошо, немој да се уништуваш себеси уште повеќе. Зошто да дозволуваш лошата енергија да се натрупува? Ти си задолжен за сопствената енергија и сопствените мисли. Превземи акција и не дозволувај тие да те водат.