Уметникот Danny Shervin троши многу време да создаде совршена слика инспирирана од природата само за да ја запали кога ќе заврши.
За нормалната уметност тоа би значело уништување на уметничкото дело, но за него ова е создавање на уметноста, бидејќи огнот го вади вистинското лице на уметничкото дело.
Работи под името Paint With Gunpowder, тој внимателно го реди барутот, и притоа создава портрети на животни, како був, лос, елен…потоа следи магијата. Го пали едниот крај и малиот оган значи раѓање на ново уметничко дело.