Категории

Уморна сум од рутина и просечност, сакам возбуда која ќе ме оживее

Овој свет стана премногу монотон и заглавен во рутината и секојдневното сивило, каде исчезна виножитото, страста и борбата.. 

Без оглед на тоа колку спијам, кога ќе се разбудам, се чувствувам уморно. Ментално сум исцрпена, и ниедна количина на кафе не може да го промени тоа.
Се уморувам од истата рутина, кога точно го знам редоследот на случувањата кои секојдневно се случуваат, затоа што мојот свет престана да биде изненадувачки и непредвидлив.
Се будам, одам на работа, се враќам дома, гледам тв или друштвени медиуми за да се забавувам, а потоа заспивам.

Уморна сум од уверување на себеси дека се е во ред, а всушност не е. И понатаму се присилувам да размислувам позитивно за да ги оправдам сопствените очекувања, но наместо тоа сум разочарана.

Не се чувствувам пријатно со луѓето околу себе, особено ако се блиски пријатели или членови на семејството затоа што разговрорите секогаш се сведуваат само на едно, оговарање. Ги поставуваат истите прашања, се жалат на истите нешта само што користат различни зборови. Понекогаш се чини дека месеците се изменуваат без време.

Сакам промена која ќе ме усреќи, но не сум сигурна што ќе донесе сето тоа. Сакам нешто неважно, на не нешто конкретно, како Iphone, автомобил или дечко.
Единствено што сакам е среќа, мир и самопочит. Сакам да почувствувам нешто што е во рамките на она што денес се нарекува нормално и вообичаено. Нешто ново и неискусено, огномет од чувства и желби. Нов ден и ново утре кое ќе ме исполни со возбуда.

Овој свет стана премногу монотон и заглавен во рутината и секојдневното сивило, каде исчезна виножитото, страста и борбата.. Полека избледивме, полека исчезнуваме во секојдневието.

Прегледи:
479
Објавено на:
17.02.2020