Категории

Урнебесно – Ја додава својата мачка по име Заратустра во познати уметнички дела

Русинката Светлана Петрова реши својата мачка по име Заратустра да ја претвори во лик од најпознатите уметнички дела.

Портокаловата мачка е пронајдена во сликите на најпознатите светски уметници како Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, Рембрант, Вермер, Фрида Кало… Светлана на својот Инстаграм профил ги претставува своите дела наречени Fat Cat Art, кои го следат повеќе од 200 000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fat Cat Art (@fatcatart)

– За мене, ова е многу личен проект. Мачорот Заратустра е беше на мајка ми. Го посвоив откако таа почина во 2008 година. Бев многу блиска со мајка ми, многу ми недостасува. Заратустра беше и останува жив спомен на мајка ми. Заратустра ме спаси од депресија по смртта на мајка ми – изјави Светлана.

Таа додаде дека нејзината мајка го сметала Заратустра за најдобриот мачор во светот, а илјадници негови обожаватели на Инстаграм очигледно се согласуваат со тоа.

Прегледи:
600
Објавено на:
28.04.2021