Категории

Ве касна комарец? Ова е најдоброто решение!

Многумина се радуваат за доаѓањето на топлите денови, но со сонцето полека пристигнуваат и комарците, кои знаат да бидат многу непријатни и здодевни.

Симптомите кои се јавуваат по убодот од комарец се болка, чешање, оток, црвенило. При појава на чешање по целото тело и силен оток, се работи за алергиска реакција за која е потребна лекарска помош.
Сепак, доколку не се работи за толку голема алергиска реакција, постојат природни препарати кои секојдневно ги имаме во домот, а можат да помогнат во намалувањето на симптомите предизвикани од убодите од овие здодевни инсекти.

Природни препарати кои ги намалуваат симптомите при убод од комарец:

  • Мед

Ако не ви пречи чувството на леплива кожа, медот е совршен бидејќи делува против-воспалително и може да ги смири чувството на чешање, отокот и болката.

  • Млеко и вода

Измешајте млеко и вода во еднаков сооднос и натопете чиста ткаенина со таа течност. Ставете ја како облога на местото на убодот и таа ќе ги намали симптомите.

  • Чајно дрво

Ова е природно масло кое ги намалува чешањето, болката и отокот. Чајното дрво исто така делува и антибактериски, па помага во спречувањето на настанување на инфекција по убодот од комарец, а тоа е особено значајно да се знае ако се создаде рана предизвикана од чешање.

Прегледи:
739
Објавено на:
12.05.2019