Категории

Вечната дилема е решена: Кој лаже повеќе – мажите или жените?

Мажите ќе кажат дека жените лажат повеќе, а жените обратно, но истражувањата го имаат вистинскиот одговор

Освен полот и годините, исто така околината како и луѓето во опкружување имаат улога во тоа дали некој ќе ја зборува вистината или не, откри најновата аналица.
Едно неодамна спроведено истражување конечно го потврди она во кое жените одамна се сомневаа: дека мажите лажат повеќе од жените!

Во истражувањето спроведено од Макс Пленк институтот беа собрани вкупно 570 резултати од истражувања за лажењето во кои учествуваа околу 44,000 испитаници. Во анализата околу 600 различни истражувања спроведени во изминатата година, открија дека првенствено младите личности и мажите лажат најчесто.

Во истражувањата беа направени неколку мали експерименти како фрлање на паричка. Секој испитаник морал да го каже резултатот – писмо или глава. На кој ќе му се сврти главата тој добивал пари. На крајот од експериментот бројот на писма и глави би требало да биде еднаков за сите испитаници, меѓутоа скоро сите испитаници се изјасниле дека добиле „глава“ со цел да заработат повеќе пари.

Така се открило дека мажите почесто кажуваат невистини отколку жените. Меѓутоа, разликата била сосема мала.

Прегледи:
549
Објавено на:
14.11.2019