Категории

Венчавка за време на корона вирусот – Брачен пар од Задар откри како изгледа љубов за време на пандемија

Брачниот пар од Задар сподели прекрасни фотографии сликани во стариот град откривајќи дека и покрај моменталната ситуација, ќе се сеќаваат на овој ден со особена радост.

Пандемијата на корона вирусот влијае врз секој аспект од нашиот живот, а строгиот карантин особено се изрази на паровите кои во ова време планираја венчавка. Поради забраната на собири, откажани се бројни свадби за некои подобри времиња. Сепак, венчавките во најтесниот круг, односно присутвото на кумот и свештеникот се и понатаму дозволени, а баш таква венчавка неодамна беше одржана во Задар.

Ана и Дејан се романтичните младенци кои нити короната не успеа да ги спречи да ги разменат своите завети и да се заколнат на вечна љубов и во добро и во зло.
Брачниот пар од Задар сподели прекрасни фотографии сликани во стариот град откривајќи дека и покрај моменталната ситуација, ќе се сеќаваат на овој ден со особена радост.

Прегледи:
491
Објавено на:
27.03.2020