Категории

Викторија Бекам открива: „Носев премногу тесна облека затоа што бев несигурна“

Поранешната Spice Girl ја откри вистината за својата „најмрачна“ модна доба

Познатата дизајнерка во краткото интервју кое го даде за британскиот The Guardian образложи зошто некогаш носела толку тесна облека и како во последниот период благодарение на карантинот успеа да ги промени своите стриктни норми на облекување.

Со оглед на тоа што повеќе од две децении помина под будно око на јавноста, Викторија сеуште се труди да зрачи со самодоверба.
46-годишната Пош Спајс открива дека за самодовербата на самиот почеток на нејзината кариера и помогнала облеката и тоа онаа најтесната која била очигледен знак за несигурност.

„Носев многу струкирани фустани со корсет во горниот дел, но мојот стил сега прилично многу еволуира, стана значително поопуштен, иако сеуште поседувам вакви модели на фустани и умеам понекогаш да ги облечам“, рече Викторија во најновото интервју за The Guardian.

„Кога го гледам мојот тогашен стил од оваа дистанца, потполно тесната и прилепена облека која ја носев беше јасен знак за несигурност која тогаш ја поседував. Сепак, од друга страна секој од нас во животот имал еден помалку недефиниран и збунувачки период кога е во прашање претставувањето на себеси преку стилот“, се надоврза дизајнерката.

Во периодот кога беше дел од групата Spice Girls помеѓу 1994 и 2000 година, Викторија работеше со стилист но само во текот на нејзините јавни појавувања но не и приватните.

„Во текот на периодот на карантин се приврзав кон нешто поопуштениот стил, но не баш во потполност. Би сакала да кажам дека живеев во своите свилени пижами и кафтани но сепка тоа не беше случај. Работев редовно од својот дом и имав состаноци. И понатаму секое утро се будев рано, вежбав и се облекував за работа, само во нешто можеби поудобно. Удобни фармерки, џемпер или маица и секако никако штикли. Можеби досега немав облека која има ластик во половината, но тоа не значи дека не сум носела комфорни парчиња..“ – споделува Викторија.

View this post on Instagram

Happy Friday x #VBEyewear

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Прегледи:
437
Објавено на:
29.06.2020