Категории

Винсент Касел и неговата млада сопруга потврдија дека ќе станат родители!

Винсент Касел и Тина Кунаки по четири месеци брак, ја потврдија веста дека ќе станат родители. Славнот француски актер Винсент Касел и неговата новопечена сопруга, манекенката Тина Кунаки потврдија дека го чекаат првото заедничко дете, споделувајќи ја среќната вест на социјалните мрежи.

Парот кој моментално се наоѓа на новогодишен одмор во Бразил, не ја крие среќата и воодушевувањето што може да се види и на објавеното видео и на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on


52- годишниот Винсент на својот Инстаграм профил објавил романтично видео во кое ја бакнува убавата 21-годишна Тина и нејзиното трудничко стомаче, додека таа објавила фотографија на која позира гола, само со шешир во рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Kunakey (@tinakunakey) on


„Најсреќна нова година“, напишала Тина на својата објава.

За потсетување, пред Тина Винсент бил во брак со една од најубавите жени во светот, италијанската актерка Моника Белучи со која им две ќерки. Тие се разведоа во 2013. година по 14 години брак.