Категории

Винтиџ фотографии ни го покажуваат Божиќниот дух во Њујорк пред повеќе од 100 години

Божиќ во Њујорк секогаш бил посебен, почнуваќи од елката во Рокфелер центарот, растрчаните купувачи и енергијата која струи низ градот.

Од првата елка, полните излози со играчки и подароци, хуманитарни акции и полни улици, празничната магија во градот што никогаш не спие секогаш била на високо ниво.

  

Овие фотографии сведочат за Божиќниот дух на почетокот на 20-от век, кој бил исто толку жив и весел како и денес, а во тој период е изложена и првата јавна елка. 

Била поставена во 1912 година во Медисон Сквер Парк, украсена со сијалички донирани од Компанијата Едисон. Елката била хуман акт, желба на Emilie D. Lee Herreshoff, жена на научник, која сакала сите да уживаат во празниците и да се радуваат на елката, безразлика на социјалниот статус.

 

Од фотографиите може да го забележиме и хуманитарниот дух кој постоел во Њу Јорк за време на празничната сезона, повиците за хуманитарни вечери и донации на сиромашните. Впечатлив е и моментот на волонтери кои помагаат да се натовари брод со подароци за децата во Европа за време на Првата Светска Војна. 

Спротивно на тоа, прозорците во продавниците исполнети со подароци и улични продавачи на играчки го прикажуваат комерцијалниот аспект на празникот.

Дури и тогаш, купувачите ги исполнувале улиците и децата копнееле гледајќи ги излозите полни со играчки, надевајќи се на тој посебен подарок под дрвото.

Фотографиите се само дел од сликите на Библиотеката на Конгресот од Bain News Service. Една од агенции за фотографии во Америка, специјализирана за животот во Њујорк.