Категории

Вкусен посен сутлијаш со цимет и ореви! (РЕЦЕПТ)

Посниот сулијаш може да ве расположи и да ве заслади за време на постот, особено поради тоа што се приготвува на потполно различен начин од класичниот.

Состојки:

  • 2 шолји ориз
  • 800-900 мл кокосово или соино млеко
  • 200 мл вода
  • шолја кафеав шеќер
  • цимет
  • овошје или џем за украсување

Оризот измијте го добро и ставете го во сад. Ставете вода колку да го прекриете и оставете 30 минути да отстои. Потоа добро измијте го и ставете да се вари во 150 мл вода на тивок оган. Кога ќе омекне истурете го млекото и промешајте. Ако е смесата премногу течна не ја додавајте целата количина млеко.

По 10 минути додадете шеќер и продолжете да мешате. Оставете го оризот на оган додека не се свари доро. Потоа оставете го да се олади и сервирајте, истурете цимет одозгора и украсете по желба со овошје или џем. За уште подобар вкус советуваме да го наросите со мелени ореви, бадеми или кокосово брашно.

Прегледи:
1624
Објавено на:
20.03.2019