Категории

Во деновите кога мислиш дека твојот живот е неиздржлив – Запамети дека после зимата следи пролет

Има денови кога мислиш дека твојот живот е неиздржлив, кога ти се чини дека твојата судбина е само неуспешен обид на пишување на некој бајковит роман и кога ќе посакаш да ги предадеш сите свои битки, но тогаш ќе сфатиш дека најдобрите нешта почнуваат тогаш кога мислиш дека се е готово.

Кога пред тебе ќе ги затворат вратите откриваш дека не е нешто во тебе, нити во другата личност, нештата така требале да се случат и пред тебе ќе отворат некоја нова перспектива.

Сфаќаш дека од своите слабости си научилмногу и дека тие те чинеле најскапо и одлучуваш се на патот на сопственото преобликување. Но тоа не оди толку лесно. Сите би ги промениле околноситите и другите луѓе но би ги прекроиле сопствените навики и тоа не оди секогаш како што замислуваме. Но често тие се најголемиот виновник зошто животот ни станува неиздржлив. Сите би се ослободиле од ѓубрето околу себе но не сакаме да помислиме дали можеби го има и во нас, во оние отровни мисли на завист, омраза и одмаздољубивост.

Има денови кога мислиш дека твојот живот е неиздржлив но кога ќе видиш дека постојат луѓе кои те чуваат како суво слато полесо ти е да ги пребродиш тие денови. Зошто тогаш се грижиш за оние кои те гледаат со презир и ти ги загорчуваат оние убави мигови, зошто им дозволуваш да те газат? Кажи еднаш „доста“ и покажи ги границите.

Кога ќе престанеш да ги бараш патиштата до среќата и едноставно ќе почнеш да го живееш својот живот, среќата ќе те пронајде. Не е тоа некоја неопишливо возбудлива авантура кога те доведува до лудило и восхит, тоа е сознание дека можеш да имаш мир и тогаш кога не е се по твое и кога проблемите околу тебе се подеднакво присутни како и оние убави ситуации. Има денови кога мислиш дека твојот живот е неиздржлив но доста можно е да веруваш дека тие денови брзо ќе поминат.

Прегледи:
553
Објавено на:
24.12.2020