Категории

Во душата на секој човек се борат два волци – Но кој победува?

Во душата секој човек води своја битка. Како борба помеѓу два волка. Во душата на секој од нас.

Еднаш еден дедо на својот внук му раскажал една животна вистина.
Во душата секој човек води своја битка. Како борба помеѓу два волка. Во душата на секој од нас.
Еден волк претставува зло. Претставува бес, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, лага, гордост, егоизам..

Другиот волк претставува добро. Претставува она што пружи уживање, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, срдечност, дарежливост, вистина и верба.

Внукот се замислил на неколку мига. Сите свои мисли вредно ги насочил во длабочината на зборовите на дедото, па го запрашал:
-И, кој волк на крајот победува?
Дедото одговорил со насмевка на своето лице:
-Победува оној кој повеќе го храниш..

Прегледи:
741
Објавено на:
28.05.2020