Категории

Во нив секоја фигура изгледа повитко: Овој модел на фармерки ќе биде апсолутен владетел на зимската сезона!

Овој модел на фармерки ја освои модната сцена за многу кратко време

Изборот на идеален крој на фармерки е вистински предизвик за многу жени, но имаме одлични вести. Моделот од 70-тите години се враќа на голема врата и е совршен за секоја фигура.

Овој крој на панталони беше апсолутен хит минатата зима, но и оваа зима, тексас ѕвонарките ќе бидат задолжително парче во вашата гардероба.

Ѕвонарките ги сакаат сите жени затоа што ја продолжуваат фигурата и го маскираат вишокот килограми.

Оваа сезона модерни ќе бидат ѕвонарките со длабок струк. Со нив нема да погрешите, тие се моделот што ја прави секоја жена во нив да се чувствува моќно.

Во комбинација со високи потпетици и елегантна маица, се одлични за ноќни излегувања, но ќе се вклопат и во некои лежерни комбинации.

Инвестирањето во квалитетно парче од овие фармерки е одличен потег, а за да ја направите вашата фигура да изгледа потенко, одберете потемен модел на тексас.

 

Прегледи:
519
Објавено на:
11.12.2019