Категории

Во потрага по сродната душа морате да започнете прво од себе

Секој сака да ја пронајде својата сродна душа, потрагата по љубов е длабоко во нас и не можеме да ја игнорираме, барем не за долго. Но за да ги зголемите своите шанси вистински да ја пронајдете не треба да барате надвор од себе – туку внатре во себе.

Вашите неуспеси во љубовта се веројатно создадени низ обрасците на несигурност, неверувањето во себеси, недостатокот на љубов спрема себеси, во согласност со моделите кои сте ги научиле растејќи. Ќе ги препознаете по тоа што ситуациите ви се повторуваат – се заљубувате во ист тип на личности, кои во вас ги поттикнуваат истите уверувања и занос, кој завршува со болно разочарување и чувство дека некој или нешто ве предало. Ве издаваат уверувањата во тоа што е љубовта и сето она кое ви е познато во љубовта а кое веројатно нема никака врска со реалноста и животната љубов.

Морате темелно да се запознаете себеси, своите вредности и уверувања, потреби, мотиви, своите слабости и ограничувања, своите внатрешни парадокси. Да ја спознаете својата автентичност. Ако сте зависни од нечија љубов и одобрување, не можете да го одржите интегритетот во врската и да допринесете кон сопствените одлуки, нити вистински да излезете во пресрет на некоја друга личност.

Научете вистински да се посветите на себеси, да пронајдете задоволство во времето кое го поминувате сами, во својот начин на живот, во себе.
Можеби не можете да ја промените работата која ја работите и која ве ограничува, но можеби имате свои интереси кои можете да ги задоволите и изразите преку некое хоби.
Поставете свои стандарди, направете список на неопходни работи кои вашата сродна душа треба да ги има, како и тоа кое сакате да го чувствувате спрема неа. Енергијата на фокусирањето и јасноста во поглед на тоа што го сакате е доста моќна.