Категории

Војвотката Кејт шармира во цветен фустан кој со кафеавите салонки изгледа уште поромантично

Војвотката од Кембриџ не воодушеви со својот најнов цветен и разигран стајлинг потсетувајќи не дека летото сеуште не е завршено

Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам ја посетија лондонската пекара Beigel Bake и во неа подготвуваа печива, а истиот ден го посетија и центарот за вработување London Bridge и џамијата. Војвотката од Кембриџ за овој напорно работен ден избра удобен стајлинг во цветен дезен на кого преовладуваа црвените и белите тонови. И претходно имавме прилика да ја видиме војвотката во истиот фустан кој го носеше на zoom конференција за Head Together.

Романтичниот фустан го носи потписот на брендот Beulah London и совршено ја следи нејзината линија. Се работи за моделот именуван како Calla Rose Red, изработен е од свилен материјал crepe de chine и памучна чипка. Целокупниот стајлинг го заокружи со кафеави високи потпетици од модната куќа Ralph Lauren.