Категории

Војвотката Кетрин величествено раскошна со омилената тијара на принцезата Дијана на кралскиот прием

Кејт Мидлтон повторно ја стави омилената тијара на принцезата Дијана и го одвлече сето внимание

Вчеравечер англиската кралица Елизабета организираше дипломатски прием во Бакингамската палата во Лондон на која присуствуваа сите членови на британското кралско семејство.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се појави носејќи ја омилената тијара на покојната принцеза Дијана која и беше подарок од кралицата кога таа се омажи за принцот Чарлс.


Оддавајќи и почит на својата свекрва, ова е трет настан како Кејт ја носи нејзината омилена тијара.
Војвотката го украде сето внимание облечена во величествена тоалета во кралска мастило сина боја дизајнирана од нејзината омилена модна куќа Alexander McQueen која исто така ја дизајнираше и нејзината венчаница.
Кралската припадничка носеше накит од личната колекција на кралицата, огрлицата која ја носеше Кејт и беше подарена на кралицата уште кога беше принцеза од монархот од Хидерабад.