Google неодамна ја ажурираше политиката за неактивни сметки, објавувајќи дека сметките што не биле активни повеќе од две години наскоро ќе бидат избришани.
Исто така, се велеше дека ќе биде избришана и складираната содржина од Google Workspace, YouTube и Google Photos.
Сепак, од YouTube се изјаснија дека и покрај ваквата политика на Google за бришење на сметките, видеата од старите YouTube профили нема да бидат избришани.