Категории

За една година ова стана омиленото место за прослава за нови љубовни почетоци

Пред точно една година започна приказната наречена Аликас, местото кое оттогаш стана омилениот избор на многу вљубени парови за крунисување на својата љубов.

Овој уникатен ресторан за свадби, настани и свечености уште од самиот почеток предизвика големо внимание поради својата уникатност, препознатливиот стил и мултифункционалноста со која располага. Една година подоцна, покрај својот извонреден изглед и голем капацитет, Аликас е препознатлив по многубројните успешни свадби и настани и секаков вид на свечености.

Аликас е љубов на прв поглед, кој ги исполнува сите очекувања“ е еден од коментарите на задоволните посетители“.

Целиот објект е изграден толку внимателно до најситните детали, што и најпребирливите не би нашле замерка. Внатрешниот дел е прилагодлив за сите временски услови, а светлата, акустиката во просторот и декорациите создаваат одлична атмосфера и го претвораат ресторанот во совршено место за забава, проследено со вкусна храна од кујната на врвните мајстори.

Во другиот дел од објектот, се наоѓа собата за невести каде што се создадени сите потребни услови, секоја невеста да се чувствува посебно на својот ден. Во пространиот надворешен дел, на зеленилото е сместено матичното, за крунисување на љубовта во романтична атмосфера, па поради се ова не е ни зачудувачки што сите позитивни критики одат на сметка на Аликас.

Поради прилагодливоста на просторот, освен за свадбени свечености, Аликас стана омилената локација за семејни прослави, како и деловни конференции и состаноци.

Една година Аликас е местото каде што се случуваат многу прекрасни спомени, многу љубов, среќа, успех и сето тоа проследено со музика. За сите среќни моменти во животот, изберете го Аликас!