Оваа салата е одлична за оние денови кога немате многу време, бидејќи за да ја подготвите ви се потребни само 5 минути. Многу е здрава, богата со протеини кои се неопходни за правилен развој на мускулите и многу е вкусна.
Состојки:
- 1 шолја леблебии
- 1/2 шолја киноа
- 1/2 шолја варена пченка
- 1/2 шолја варен грашок
- 3 лажици маслиново масло
- неколку листови нане
- 1 домат
- сол и бибер
- малку сушен темјан
- малку лимонов сок
Подготовка:
Подготовката е многу едноставна. Сѐ што треба да направите е да ги ставите состојките во чинија, да ги промешате и вашиот оброк е подготвен.
Добар апетит!