Категории

Засадиле 2 милиони дрвја за да ја обноват уништената шума, а како резултат на тоа се вратиле и животните!

Според Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, 129 милиони хектари шума на површина речиси еднаква со Јужна Африка се губат од Земјата засекогаш уште од 1990 година. Површина со големина колку Панама се губи од Земјата секоја година. Поради ова доаѓа до уништувањето на шумите, како и безброј видови растенија и животни ги губат своите живеалишта секој ден, а тоа апсолутно ја уништува нашата планета.

Но, што да се стори при соочувањето со овој масовен еколошки масакр? Размислувајќи на оваа тема може да се почувствуваме мали и беспомошни, бидејќи сме свесни за малото влијание кое ние всушност може да го имаме. Дали доколку направиме нешто ќе има барем најмала разлика? Бразилецот Себастиао Салгадо и неговата сопруга Лелиа Делуиз Ваник Салгадо одлучија да покажат што може да направи мала група страствени, посветени луѓе преку процесот на пошумување на уништена шума.

Салгадо е реномиран фотограф, кој ја освојувал речиси секоја голема награда во фото-новинарството и објавил многу книги. Во 1990-тата, физички и емоционално исцрпен откако го документирал ужасното варварство на геноцидот во Руанда, се вратил дома во својата родна земја Бразил, која некогаш била опфатена со бујна тропска дождовна шума. Тој бил шокиран и потиштен од сознанието дека областа сега е пуста и без физичка активност, но неговата сопруга Лелиа верувала дека можат да ја вратат во претходнаа состојба.

Земјата беше во толку лоша состојба колку што бев и јас самиот – сè беше уништено”, изјавил Салгадо за “Гардијан” во 2015 година. “Само околу 0,5% од земјата беше покриена со дрвја. Потоа, мојата сопруга имаше прекрасна идеја да ја насади оваа шума. И кога почнавме да го правиме тоа, тогаш се вратија сите инсекти, птици и риби, и благодарение на ова јас, исто така, се преродив – ова беше најважниот момент во мојот живот. “

Погледнете како изгледала уништената шума и како изгледа денес!

Прегледи:
669
Објавено на:
24.04.2019