За киноата се знае уште од древните времиња. Таа била една од најважните прехранбени артикли кај Индијанците и Инките заедно со компирот и пченката.
Инките, киноата ја нарекувале „златно зрно“ или „божествено зрно“, иако во тие дамнешни времиња не се знаело за протеини, минерали, витамини но секако искуството кажувало за нејзината хранлива моќ. Киноата е многу слична на припадниците на житната култура (на пример пченицата), но не се вбројува меѓу нив. Веројатно затоа и ја нарекуваат уште и псеудо – житарица.
Таа припаѓа на семејството Chenopodium, кон кои кој припаѓаат и спанаќот и цвеклото. Киноата е едногодишно растение кое се одгледува на Андите во Јужна Америка. Подоцна оваа култура почнала се одгледувала и на други планински масиви, а по одобрување на Далај Лама, почнала успешно да се одгледува и на Хималаите и Тибет. Се покажало дека киноата може да расте и на почви кои порано припаѓале на џунглата, па дури и на морските брегови.
Киноата во последниве неколку години рапидно си ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна.
Оваа „псевдожитарка“ присуствува на сѐ повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јадења. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини.
Кои се здравствените придобивки од киноата?
Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки, а консумирањето на киноа може да го намали ризикот од појава на:
-
Кардиоваскуларни болести;
-
Дијабетес тип 2;
-
Хемороиди;
-
Запек;
-
Висок крвен притисок;
-
Рак на дебелото црево;
-
Прекумерна тежина.
Хемиската анализа покажала дека киноата ги содржи сите неопходни за човекот аминокиселини (околу 20 видови) и може да се каже дека е комплетна замена за месото. Што е од особена важност за вегетаријанците.
Според хемискиот состав, киноата содржи повеќе протеини од било кое друго зрно.
Така на пример, ако за споредба се каже дека оризот содржи само 7,2 % протеини, тогаш за киноата може да се каже дека содржи 14,12 %, а некои нејзини сорти содржат дури и 20 % протеини. Тоа што е исто така важно тоа е дека протеините во киноата се одлично балансирани. Таа содржи и мало количество лизин, содржи јаглехидрати, масти, прехранбени влакна, минерали, витамини, богата е со неопходните минерали за човечкиот организам. Киноата е богат извор и на:
-
Растителни влакна. Во киноата има речиси двојно повеќе растителни влакна од останатата зрнеста храна. Тоа значи дека може да помогне при опстипација (запек), да го намали ризикот од појава на хемороиди, како и да биде сојузник во слабеењето.
-
Минерали, особено на магнезиум. Во една шолја неварена киноа има дури 83% од препорачаните дневни дози на магнезиум.
-
Железо. Во една шолја неварена киноа има 43% од препорачаните дневни дози на железо.
-
Рибофлавин (B2). Рибофлавинот, како и магнезиумот, може да помогне во превенцијата и намалувањето на главоболката при мигрена.
Заради тоа што е богата со лизин (еден вид аминокиселина) киноата е корисна за подобро впивање на калциумот во организмот, а со тоа и за раст на формирање на коските. Треба да се спомене дека недостатокот на лизин може да доведе до опаѓање на косата, анемија, раздразливост.
Во киноата е присутен триптофанот, супстанца која му помага на телото при синтеза на хормон на радоста – серотонинот. Исто така, киноата е богата со фитиновата киселина која го намалува нивото на холестерол во крвта и го штити организмот од онколошки заболувања. Бидејќи киноата не содржи глутен, таа е лесно сварлива и често е вклучена во исхраната на личности кои патат од разни алергии.