Категории

Живеј утре онака како што никогаш не си живеел – Со надеж дека најдоброто допрва доаѓа

Дали знаете што е најдобро на крајот од денот? Тоа што утре можете да изберете сосема поинаква насока од онаа што ја избравте денес. Тоа што утре може да бидете личност сосема поинаква од личноста што бевте денес. Овој свет не живее од изгрејсонце до зајдисонце, тој живее од моментот кога некој ќе донесе одлука нивниот живот да почне да се менува. Не добивате ништо од тоа кога се жалите за животот и луѓето околу вас. Ако утре правите се исто – и за вас ќе биде исто.

Навечер погледни само во едно нешто – во својот непроживеан живот. Во соништата што не сте ги фатиле. Во врските што не ги изградиле а сте можеле. Затоа што секој поминува низ тешки времиња само некои не дозволуваат тоа да се види. Тие ја кријат својата несигурност и солзи зад нивните очи и тие продолжуваат како ништо да не се случило. Веруваат како да се среќаваат со светот за прв пат и паѓаат многу пати. Тие знаат што да очекуваат. Во секој случај, живеј утре онака како што никогаш не си живеел. Со многу емоции и о голема надеж дека најдоброто допрва доаѓа.

Прегледи:
429
Објавено на:
17.10.2021