Категории

Злобните луѓе се глупави – Злото секогаш со зло се враќа

„Луѓето всушност се плашат, затоа се и сурови.“

Мехмет Меша Селимович е еден од најцитираните српски и југословенски писатели кој создавал во втората половина на 20-тиот век. Најголемиот успех го доживеал со романот „Дервиш и смрт“ во 1966 год.
Неговите мудрости се цитираат и ден денес, а во продолжение ви ги споделуваме едни од најпознатите негови мисли.

„Луѓето всушност се плашат, затоа се и сурови.“

„Никој никому не може да му натовари толкава мака на неговиот врат колку што човекот може самм на себеси.“

„Чуден свет, те оговара а те сака, те бакнува во образ а те мрази, ги исмејува добрите дела а ги памети злосторствата, живеа и се надева и не знаеш што надминува што.“

„Луѓето ги презираат сите оние кои не успеваат, а ги мразат оние кои се искачуваат над нив; Навикни се на презир ако сакаш мир, или на омраза ако сакаш борба.“

„Подлизури – Тоа е најлошата врста на луѓе на светот, најштетна и најрасипана. Тие ја поддржуваат секоја власт, тие се и власт, тие сеат страв без милост, без никаков обзир, студени како мраз и остри како нож, како кучиња верни на секоја држава. Најмалите луѓе од сите луѓе. Додека ги има нив, нема среќа на овој свет, затоа што ќе уништат се што е од вистинска човечка вредност.“

„До крајот на животот ги запознаваш луѓе, а никогаш нема да ги запознаеш. Секогаш ќе те збунува необјаснивоста на нивните постапки.“

„Од памтивек синовите се понеразумни од татковците, и разумот така сосема би исчезнал, но за среќа, синовите стануваат поразумни кога ќе станат татковци.“

„Луѓето се злобни деца, злобни по дела, деца по памет.И никогаш нема да биде поинаку.“

„Човек не е Бог, и неговата сила е баш во тоа да ја потисне својата природа.“

Прегледи:
1307
Објавено на:
13.04.2020