Општо е познато дека храната е основен извор на витамини, протеини и јаглехидрати неопходни за правилно функционирање на организмот. Но, исто така знаеме дека храната може да биде и причина за многубројни болести, прекумерна тежина и здравствени проблеми. Токму поради тоа, на 15. декември во 11 часот, КроссФит Скопје организираат работилница на која ќе се говори за правилната исхрана.
„На оваа работилница ќе го обработиме начинот на кој телото складира телесни масти. Ќе разговараме за типовите на храна и нивното влијание врз процесот на дебелеење. Ќе објасниме кои се главните хормони и ензими кои складираат телесни масти и како да влијаеме врз нив. Од нашето 10 годишно искуство научивме дека е подобро да се едуцираме околу исхраната и процесот на дебелеење, отколку да држиме разни диети. Храната е лекот, лекот е храната!“, велат од КроссФит.
За сите членови на КФСК работилницата е бесплатна! За повеќе информации обратете се ТУКА!