Категории

10 книги кои ќе ви бидат одлична забава ова лето

Летото е време кога најчесто патуваме, на плажа или планина, бараме место за опуштање и одмор. 

Најдобар начин за релаксација и одмор од електронските уреди е читањето книги. Книгата е одлично друштво каде и да сте, а ова се десет книги кои нудат гарантирано добро „потрошено“ време. Трилери, романи, драми…различни приказни за да се задоволат разлчните вкусови на читателите. Во книжарница Култура во тек се летните намалувања на сите нивни изданија, а со сигурност ќе најдете некоја интересна приказна која ќе ја понесете на вашето патување.

Приватни скандали

Полна со интензивни страсти, мрачни опсесии и огорчени кавги, „Приватни скандали“ на една од најпродаваните авторки, Нора Робертс, е чисто, зависничко задоволство.

Дијана Рејнолдс има сè што ќе посака: работа и живот од соништата. Како талентиран телевизиски новинар, таа е одлучна да успее на свој начин. Но, во свет полн со јавни непријатели и скандали, Дијана создава неколку многу опасни непријатели – вклучувајќи го и нејзиниот стар ментор, брилијантната емотивна манипулаторка Енџела Перкинс. Додека Дијана го постигнува врвот во кариерата, таа е во љубовна врска со најхаризматичниот новинар во телевизијата, Фин Рајли, кој исто така е и бивш љубовник на манипулаторката Енџела. Додека летаат искри помеѓу Фин и Дијана, Енџела се обидува да се одмазди. Но, во позадина се крие една мрачна опсесија, од која никој не е безбеден..

Митот за Линколн

Магионичарот – писателот Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Овој роман сам ги врти страниците. Исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување. Ликовите се исправени пред невозможни одлуки, одлуки кои значат живот или смрт.

 

Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

Има нешто магично во Сен Тропе

Адлер секогаш не носи на авантури во најпознатите места во Европа, преку приказни исполнети со возбуда, мистерија, љубов. Сега не носи во едно од најмонденските места во Франција, Сен Тропе.

 

Пет меѓународни туристи, што не се познаваат меѓусебно се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мистеријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.

Стапица

Број 1 бестселер на „Њујорк Тајмс“ на една од најдобрите американски авторки, Сандра Браун. Оваа возбудлива приказна уште од првата страница го изненадува читателот со корупција, предавство и непрекината измама… каде што ништо не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.

 

Кога Џорди Бенет и Шо Кинард ќе се погледнат очи во очи во еден чуден бар, нешто дефинитивно ќе заискри помеѓу нив. Шо заклучува дека опасната атмосфера ги прави мажите претпазливи, а ги инспирира жените да забележуваат. Никој не може да претпостави дека животот на бизнисменката е во опасност. Но, Џорди е тука…а Шо Конард е пратен да ја убие.

Трилогијата на Џени Хан: До сите момци што ги сакав 

Романтична и симпатичена трилогија на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“. „До сите момци што ги сакав“, „П.С. Се уште те сакам“, „Заскогаш, Лара Џин“ со сигурност ќе бидат одлична забава за вас ова лето, а причина повеќе за да ја прочитате оваа трилогија летово е екранизацијата на првиот дел „До сите момци што ги сакав“ која излегува на крајот на август 

 

Кога срцето и умот ти војуваат, кого треба да послушаш? е прашањето кое си го поставува Лара Џин, а за нејзината љубов п сѐ  што следи со неа, прочитајте во бестселерите на Џени Хан.

Ајде погледни ме сега

Најновата приказна на , ни ја раскажува приказната за Нели Саливан која секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“.

 

Но, кога ќе остане без работа и без момче во ист ден, ќе одлучи дека е време за нови промени. Ќе ги потроши сите пари на патување во Сан Франциско, каде ќе запознае многу нови и различни луѓе, вклучувајќи го интригантниот и прекрасен Макс Роси. Многу брзо градот ќе почне да го чувствува како свој втор дом.
Но, кога ќе дојде време да се врати дома, во Лондон, дали ќе ја остави „новата Нел“ зад себе? Дали магијата на Сан Франциско ќе светка илјадници километри во далечина?

Трнлива вистина

 секогаш ја изненадува публиката со интересни животни приказни кои се читаат во еден здив.

 

Во нејзината последна книга таа раскажува за Рејчел и Роуз, сега жени со возрасни деца, конечно се соочуваат со судбината што ги прогонува речиси половина век кога беа заменети во болницата. Она што сега им се заканува може целосно да им го загорчи животот и да ги открие длабоко скриените тајни.

Времето на Перонов

Македонската новинарка и авторка, Санта Аргирова, неодамна го издаде третиот дел од нејзината трилогија. „Времето на Перонов“ е веројатно најмрачниот и најмачен дел од трилогијата, а содржи лекција која силно удира врз чувствата на читателот. Лекција за тоа дека старите навики тешко одумираат, но и за тоа колку е висока и погубна цената на недвосмислената лојалност. Уште повеќе, парадигма за тоа како може злото да стане не само норма, туку и доблест.


По негативните ликови во „Портретот од Дрезден“ и во „Добро утро Јаков“ ликот на Перонов е кулминација на злото кое човек на човека може да му го направи.

Перонов е демонски актер на нашето време – врвен манипулатор кој од позиција на министер за внатрешни работи ја одредува судбината на луѓето престорувајќи ги или во свои жртви или во соучесници на злото. Невиноста на Рената за Перонов е уште една привилегија на неговиот импулс за насилство и тој ужива во нејзината покорност и болка додека таа се бори да го спаси својот татко, длабоко заглавен во живиот песок на подаништвото.

Генијални лаги

Нора Робертс е една од омилените авторки на македонската читателска публика и бестселер низ светот. Во нејзината „Генијални лаги“ зборува за Ева Бенедикт, која ефилмска дива, симпатичен секс-симбол со освоени два Оскара, четири поранешни сопрузи и легија љубовници.

Нема тајна, ниту скандал што таа не го знае. Сега Ева одлучува да ги напише своите мемоари – без цензура и каква било забрана. Цел Холивуд ја моли да не го стори тоа. Но, Ева има свои причини

 

Понуда што не можеш да ја одбиеш

Уште една интересна, љубовна приказна на еден од најпродаваните автори, Џил Мансел.

Како една седумнаесетгодишна девојка ќе се справи со понуда која ѝ е дадена од мајката на нејзиното момче, со единствен услов да раскине со него? Приказните на Мансел се создадени за уживање на плажа.

Постојат места каде што може да очекувате да се судрите со ултраснобовската мајка на вашето момче. Можеби на забава на отворено во Бакингaмската палата, или Глиндеборн, или можеби кревајќи го носот при понудата со Фереро Роше на коктел забава кај некој странски амбасадор. И постојат места каде што воопшто не би очекувале да се судрите со неа.