Сите сме запознаени со предизвиците со кои се соочуваат засолништата за животни кога треба да им пронајдат дом. За некои, чекањето е неверојатно долго, додека други никогаш нема да ја споделат својата љубов со семејство. И покрај тоа што овој факт ги крши нашите срца, секојдневно сме сведоци на херојски напори од страна на луѓето, креативни обиди за да им помогнат на напуштените животни да бидат забележани и посвоени.
Не носат сите херои наметки, некои од нив носат лептир машни! Иако има само 12 години, Дариус Браун од Њу Џерси започна иницијатива за да им помогне на крзнените пријателчиња да најдат дом. Почнал да изработува лептир машни за нив и да ги донира во засолништата за да го привлечат вниманието на идните сопственици.
На осум годишна возраст, тој почнал да и помага на постарата сестра во сечењето на ткаенината за лептир машни кои исто така му помогнале да ги развие своите моторни вештини. Тогаш станал свесен за својот неверојатен талент и не размислувал два пати да ги искористи своите вештини и креативноста за позитивни промени во светот.
Веќе на 11- годишна возраст Дариус ја основал компанијата за модни додатоци за миленичиња „Beaux & Paws“ специјализирана за лептир машни. Младиот сопственик знае како да биде дарежлив многу повеќе од сопственици на сериозни компании. Тој има донирано безброј лептир машни во засолништата за животни и центрите за посвојување во САД и Велика Британија. Неговите дела ги поддржуваат повеќе од 43.000 следбеници на Инстаграм.